Седум работи кои децата најтешко им ги простуваат на своите родители и ги носат како трајна лузна од детствотo: Возрасните мислат дека овие грешки се безопасни, но вистината е сосема поинаква

Кармин

24/09/2025

12:56

1.350

Големина на фонт

а а а

Родителите често сметаат дека нивните деца брзо ќе ги заборават нивните грешки, како и многу „ситници“. Но вистината е дека некои реченици, односно однесувањето на мајката и таткото, се далеку од ситници — емоциите што ги предизвикуваат кај најмладите остануваат врежани во нив засекогаш.

Родителите би требало да обрнат внимание на следново:

Недостиг на внимание


Децата тешко простуваат кога чувствуваат дека родителите ги занемариле. Доколку мајката и таткото не одвојуваат време за разговор, игра или едноставна блискост, малечките тоа го доживуваат како отфрлање — нешто што останува длабоко запаметено.

Критика и омаловажување


Стручњаците велат дека зборовите имаат голема моќ, а децата критиките ги помнат многу подолго отколку што мислат родителите. Кога постојано се чувствуваат помалку вредни, тоа им го нарушува самодовербата и им го отежнува воспоставувањето односи со други луѓе во подоцнежниот живот.

Недостиг на поддршка


Поддршката од родителите е клучна за развојот на сигурноста и самодовербата. Кога детето нема кому да се обрати за помош или утеха, останува само чувството на празнина.

Претерана строгост


Децата понекогаш тешко простуваат кога чувствуваат дека родителите ги казниле неправедно или прегрубо. Наместо родителите да им покажат како да учат од своите грешки, тие само чувствуваат страв, срам и лутина кон родителите.

Споредување со другите


Кога ги споредувате децата со нивните браќа, сестри или врсници, им испраќате индиректни пораки дека не се доволно добри. Таквите искуства создаваат чувство на неправда и оставаат долготрајни последици.

Неисполнети ветувања

Кога родителите ветуваат нешто, а не го исполнуваат, за децата тоа е како предавство. Дури и мали нешта, како ветеното одење во парк, остануваат длабоко врежани и тешко се забораваат.


Отфрлање на емоциите

Децата тешко поднесуваат кога нивните емоции не се прифаќаат. Ако им се каже дека претеруваат, дека се пренагласено чувствителни или дека немаат причина за тага, тие се чувствуваат неразбрано и осамено. Иако родителството е полно предизвици, важно е да се знае дека децата ги паметат и делата и зборовите. Почитувањето, вниманието и поддршката се темели на однос кој трае цел живот



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk