Бракот често се замислува како остварување на сонот – заедница полна со љубов, поддршка и заеднички планови за иднината.
Сепак, реалноста може да биде далеку посложена. Кога почетната вљубеност и еуфорија ќе спласнат, на површина излегуваат разлики во карактерите, вредностите и желбите.
Астролозите тврдат дека ѕвездите и тоа како имаат улога во тоа како се снаоѓаме во бракот и колку сме подготвени на компромис.
Некои знаци од хороскопот полесно поднесуваат обврски и заеднички живот, додека пак други тешко се согласуваат на ограничувањата кои бракот ги носи. Затоа експертите издвојуваат хороскопски знаци со кои бракот може да биде најтежок, па дури и да биде осуден на бројни турбуленции.
Сите знаат дека Стрелците мразат да бидат врзани. Затоа не е ниту чудно што брачните обврски често ги плашат.
„Познати се по својата љубов кон авантурите, а класичниот брак можеби нема да биде во состав со нивната потреба за истражување“, вели Ракел Родригез, астролог.
„Сепак, со партнерот којшто ги дели нивните животни вредности, имаат потенцијал да создадат динамичен и исполнет однос“.
Девиците се многу критични и кон себе и кон другите, што може да биде препрека во бракот.
„Луѓето од овој знак се склони кон анализирање и често се фокусирани на себе“, објаснува Родригез.
Не се среќни доколку сѐ не е во состав со нивните високи стандарди, што многумина го очекуваат од сопрузите и може да се создаде напнатост во врската. Кој нема да одговори на тие мерила, нема да биде доволен за овој знак.
Овој знак може да биде искрен и посветен партнер, но неговите интензивни емоции често го извлекуваат она најлошото.
Астрологот Тара Бенет вели дека Шкорпиите едноставно сакаат да го контролираат секој аспект од својот брак. Не им е во прилог ниту тоа што лесно стануваат љубоморни.
„Бидете подготвени постојано да им се правдате и немојте ни да помислите да криете тајни“, истакнува Бенет.
Да се венчате за Овен може да биде исцрпувачки. Бенет нагласува дека односот со овој огнен знак секогаш е натпреварувачки.
Се опишува како нагол и импулсивен, брзо може да го налутите, а бавно простува. Тие исто така не се луѓе кои им дозволуваат контрола на другите, што може да ги отежне нивните долгорочни врски.
Тешко е да ги задржите фокусирани во љубовната врска.
„Работата е во тоа што тие сакаат разновидност и се борат со монотоните аспекти на бракот“, објаснува Родригез.
Бракот за Близнаците значи „сечење на нивните крилја“. Тие сакаат постојано да шетаат, одејќи од една забава на друга.
Водолиите се познати како „црни овци“ на Зодијакот.
„Едноставно кажано, тие најмногу ја ценат својата слобода и индивидуалност поради што често ги негираат традиционалните брачни очекувања“.
Своите идели и вредности секогаш ги ставаат на прво место, а кога станува збор за компромис, тешко попуштаат.