Ова е една од најубавите креации во кои сме ја виделе во последно време.
На премиерата на филмот за Гучи „Тигар“ која била одржана во Милано во рамките на „Fashion Week“ (наместо пролетната ревија 2026), Деми Мур се вратила на својот „златен“ стил, баш оној по којшто и била препознатлива на црвениот тепих.
Актерката се појавила во раскошен златен фустан со висока крагна и отворен грб, меки ѕвонести ракави и 3Д цветови со фини реси. Нејзиниот изглед го надополнила со златни високи потпетици и колекција на златен накит.
За нејзината прекрасно стилизирана коса била заслужна Димитрис Јанетос, додека пак Рокел Лизам бил задолжен за нејзината совршена шминка која ги истакнала нејзиниот тен и природна убавина.
Останатите присутни исто така се приспособиле на естетиката на новата ера на „Гучи“.
Гвинет Палтроу го издигнала луксузот на повисоко ниво во комплетен монограмски аутфит, додека пак Алекс Консани одлучила да носи помек леопардски принт.
Токму ваквиот изглед е типичен за Деми Мур која отсекогаш била препознатлива по светкавиот изглед, како и по фустаните со сирена крој кои ја истакнуваат линијата на тело и нејзиниот совршен изглед.
Иако Деми ја следи визијата на новиот креативен директор на Гучи, Демне, таа и Горески често црпат инспирација од Армани и другите познати креатори чии креации се такви што од нив запира здивот.
Што мислите вие за оваа модна комбинација на Деми Мур?