[ФОТО] Катја (18) е новата Мис Италија: Еден детаљ на лицето ја издвоил од останатите девојки

Кармин

19/09/2025

12:38

990

Големина на фонт

а а а

Италија доби нова кралица на убавината. Осумнаесетгодишната Катја Букикио од местото Анци во Базиликата е прогласена за Мис Италија 2025 на финалето одржано во Порто Сан Џорџо.

Нејзината победа влезе во историјата бидејќи Катја е првата девојка од Базиликата што ја освоила оваа титула, а истовремено и првата победничка што на изборот носела протеза за заби.

Победата ja посветила на татко ѝ

Пред националниот натпревар, Катја ја освои титулата Мис Базиликата, со што обезбеди влез во големото финале. Победата ја посветила на својот татко Антонио, кој, како што вели, ѝ бил најголема поддршка низ целиот процес.


„Тој е мојот ‘менаџер’, ме следеше низ сите селекции. Ќе продолжам да студирам и да работам на зачувување на угледот на мојот крај. Почестена сум со оваа титула“, изјавила Катја по прогласувањето.

Прогласена е за „Личност на годината“

Катја потекнува од семејство во кое се негува заедништвото и поврзаноста со традицијата. Нејзините родители се Росана и Антонио, а има и постара сестра Лукреција. За време на пандемијата на коронавирусот, заедно со баба ѝ и тетките изработила околу 200 заштитни маски за жителите на нејзиното место. Поради тој ангажман, таа беше прогласена за „Личност на годината“ во Анци.


Покрај тоа, Катја ужива во рачни работи како везење, вештина што ја научила токму од своите најблиски.

Сака да го заврши факултетот

По завршувањето на природно-математичката гимназија, Катја се преселила во Рим, каде што студира стоматологија и дентална протетика. Иако сега ѝ се отвораат вратите на модната и јавната сцена, таа нагласува дека нема да се откаже од образованието.


Посебноста на нејзината победа лежи во фактот дека не ја криела протезата за заби. Со тоа испрати порака до младите дека убавината не значи совршенство, туку прифаќање на себеси. Токму поради тоа, Катја веќе се истакна во јавноста како пример за девојка што не сака да крие која е и каква е.

Среќно е вљубена

Активна е и на социјалните мрежи, каде што ја следат речиси 18 илјади луѓе. Често објавува фотографии без шминка, нагласувајќи ја едноставноста и природниот изглед.

Катја е во долга врска со фудбалерот Мајкл Телеско, момче од нејзиниот крај. Заедно се веќе четири години, а таа често го споменува како голема поддршка, заедно со нејзиното семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk