Оваа прекрасна трикатна џорџијанска куќа некогаш била дом на Колин Краб – човекот кој во 1969 и 1970 година пријавил автомобили на 17 трки во Формула 1. Денес е на продажба по цена од 800.000 фунти.
Краб, основач на компанијата „Antique Automobiles“, почина порано оваа година. Неговите возачи вклучуваа имиња како Вик Елфорд и Рони Петерсон.
„Baston House“, во местото Бастон, близу Сполдинг во Линколншир, изградена во 1830 година, не била само негов дом, туку и седиште на неговото царство за реставрација на автомобили – привлекувајќи колекционери од целиот свет, како што пишува „Luxury Property News“.
Објектот, кој е заштитен како историски (Grade II), нуди повеќе од 290 квадратни метри простор со елегантни простории со високи тавани, класични прозорци, украсени камини и градинарска соба со панорамски поглед и подно греење. Посебната куќа располага со гаражи и два апартмани – совршени за гости или како база за семеен бизнис.
Неговиот син, Аластер Краб, изјави: „’Baston House‘ беше повеќе од дом за мојот татко – тоа беше срцето на неговите авантури. Тука оживуваше исклучителни автомобили и ја споделуваше својата страст со многумина. Се надеваме дека следните сопственици ќе умеат да го ценат духот на ова место и приказните што ги носи.“
Недвижнината е огласена преку агенцијата „Savills“ по цена од 800.000 фунти.