[ФОТО] Има 25 години и многумина велат дека е копија на татко ѝ: Како изгледа денес и со што се занимава ќерката на легендарниот Џон Траволта?

Кармин

18/09/2025

08:54

973

Големина на фонт

а а а

Иако сите мислеле дека ќе тргне по стапките на својот татко, сепак тоа не се случило, но сега има убави вести и вниманието е насочено кон популарниот актер и неговата ќерка.

Џон Траволта е холивудска легенда со безброј блокбастери зад себе, но талентот очигледно не го заобиколилo неговото семејство.

Неговата ќерка, Ела Блу Траволта која има 25 години, храбро ја гради својата кариера по уметничкиот пат, па ги израдувала фановите со новата вест дека добила улога во новиот филм на режисерот Марк О’Брајен – „Убави луѓе“.


Во ова мрачно хорор парче со примеси на црна комедија, Ела ќе глуми заедно со Соси Бејкон, ќерка на Кевин Бејкон и Кира Сеџвик.

Приказната ги следи седумте поранешни пријатели кои се собираат во напуштена клиника каде ги стигнува одамна закопана тајна. Како што ноќта поминува, атмосферата на параноја и црн хумор прераснува во смртоносна игра во која ликовите исчезнуваат еден по еден.

Ела веста ја споделила на Инстаграм, објавувајќи линк од веста и додавајќи емотикони со склопени раце и срца.

Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон имаат три деца, Џет, Ела и најмладиот Бенјамин.

За жал нивниот син Џет починал во 2009 година на само 16 години, додека пак Кели ја изгубила борбата со болеста во 2020 година.

Денес Џон живее со Ела и Бенјамин на Флорида иако неодамна на продажба го ставил луксузниот имот со приватна писта за авиони за дури 10 милиони долари.

Иако првите актерски чекори ги направила уште како девојче, меѓу другото и во филмот „Стари кучиња“ од 2009 година каде глумела со татко ѝ, Ела во последно време се посветила и на музиката.

Минатата година го објавила својот дебитантски албум инспириран од различни нијанси на љубов и односи. Посебно се издвоила песната „Little Bird“ која ја посветила на нејзината мајка.

„Од мала живеев под рефлекторите на јавноста, а кога ќе изгубите некој, тоа станува уште поизразено“, рекла Ела, па додала: „Песната „Little Bird“ говори за тоа како да ја задржите чистата и искрена врска со саканите кои сте ги изгубиле и како да останете верни на тој однос, без оглед на надворешниот притисок“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk