Францускиот фудбалер Усман Дембеле е добитник на Златната топка за 2025 година, надминувајќи ја ѕвездената конкуренција составена од Ламин Јамал, Рафиња, Витиња и многу други номинирани играчи. Додека славел на сцената, неговата сопруга Рима Едбуш споделила кратка, но значајна порака на социјалните мрежи.
За време на неговиот говор за благодарност, Рима се огласила на социјалните мрежи за да изрази колку е горда. Покрај објавената фотографија од сопругот со Златната топка, кратко и јасно напишала само еден збор: „Горда“. Подоцна, на стори додала и фотографија од наградата на сопругот и букет цвеќе.
Усман Дембеле е во брак со Рима Едбуш, Французинка со мароканско потекло. Парот се венчаЛ во декември 2021 година на традиционална мароканска церемонија, а во септември 2022 година го добиле своето прво дете – ќерка, чие име го чуваат во тајност.
Свадбата наводно била вистинско изненадување за фудбалскиот свет, бидејќи дури ниту неговите тогашни соиграчи од Барселона не знаеле за врската сè додека по венчавката не се појавиле фотографии. Рима има свој бренд – „Razalae“, со кој промовира одржлива и исламски прифатлива облека.
Рима главно се држи подалеку од очите на јавноста, но е позната по својот лајфстајл и модна содржина на социјалните мрежи. И покрај големиот број следбеници, успева да одржи релативно приватен живот. Му дава поддршка на сопругот на натпреварите и прославите, а присутна била и за време на славењето на победата на ПСЖ во УЕФА Лигата на шампионите во 2025 година.
Во јули 2025 година, Рима се нашла на насловните страници откако, по поразот на ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство, го избришала целиот свој профил на Инстаграм. Моментално има само неколку објави, а ја следат повеќе од 183.000 луѓе. И својот профил на ТикТок, по поразот, го префрлила на приватно.
Овогодинешната церемонија на доделување на Златната топка била една од најемотивните во последната деценија. Победата на Дембеле е круна на сезона во која мораше целосно да се преобрази, откако беше суспендиран од тимот на ПСЖ поради лични недоразбирања со тренерот Луис Енрике.