Елса Патаки (49) не старее, а нејзиното последно издание е доказ за овие зборови. Сега се поставува прашањето – како тоа ѝ успева?
Актерката Елса Патаки неодамна присуствувала на промоцијата на брендот „Biotherm“ во Мадрид. Сопругата на Крис Хемсфорт е амбасадорка на спомнатиот бренд, па не е изненадување тоа што таа била лице на настанот.
За оваа прилика избрала да носи едноставна бела креација која ја истакнала нејзината фигура на тело, а ја краси асиметричен крој со длабоко деколте и отворени раменици.
За да го „разбие“ ова монохроматско издание таа носела и отворени високи потпетици во боја на праска кои ги истакнале нејзините витки нозе.
Со оглед на тоа што ја краси природната убавина, немало потреба за голема количина шминка, па актерката одлучила да носи земјени тонови кои само малку ги нагласиле нејзините црти на лицето.
Косата ѝ била стилизирана на наједноставен начин – ја пуштила слободно да паѓа по грбот, а од аксесоари додала едвај забележителни обетки и алка.
Освен ова издание, најголемо внимание во јавноста привлекло нејзиното младолико лице, па се поставува прашањето – како ѝ успева?
Во интервју за „Harper’s Bazaar“, шпанската убавица во една прилика признала дека клучот на нејзиниот успех е во физичката активност, правилната исхрана и менталната моќ.
А, што се однесува до рутината за убавина, Елса се труди да биде едноставна и сведена и признала дека не користи многу производи за нега на кожа.
Еве што практикува:
- Правилно чистење и миење на кожата со ладна вода;
- Хидратација на кожата која е проследена со масажа на лицето;
- Зелен чај.