Моника Белучи е повторно слободна жена. По две години врска таа и режисерот Тим Бартон раскинаа.
Тие во заедничко соопштение напишале:
„Со голема почит и длабока грижа еден за друг, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат“.
Дали Моника ја стигнала кризата во средни години или одлучила радикално да смени нешто во својот живот пред 61 роденден – останува да дознаеме во деновите кои доаѓаат.
Меѓутоа, малку е веројатно дека режисерот ја напуштил една од најубавите жени на светот, најверојатно тоа била намерна одлука на двајца возрасни луѓе.
Да, јавно си изјавуваа љубов еден кон друг, но чувствата избледнуваат и во тоа нема ништо трагично, особено доколку сте се забавувале само две години.
Додека некои патетизираат: „Како тогаш можеме да веруваме во љубов?“, други се прашуваат: „Дали оваа романса била само маркетинг трик?“.
Нивната врска беше потврдена во 2023 година кога режисерот веќе го снимаше својот филм во којшто актерката ја толкуваше улогата на жена со нарушен дух.
Филмот беше објавен во 2024 година и започна промотивната кампања, а главните ликови секако дека биле љубовниците Тим и Моника.
Моника само еднаш говорела за своите чувства кон Бартон и тоа било доволно:
„Што да кажам... Пред сѐ драго ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го познавам овој човек, го сакам“.
Во овие зборови нема страст, нема желба да се изненадите, импресионирате, восхитите. Но, постои мир и радост во блискоста со некој којшто едноставно ви годи.
И Моника и Тим се во 60-тите години во животот, со бракови и разводи зад нив, едноставно сакаат удобен живот и добра забава.
Тим Бартон и самиот ја изјавил својата љубов кон Моника уште во 2013 година, но никој не обрнал внимание.
Во интервју за „Gala“ тој рекол дека сонува да се заглави во лифт со Моника Белучи затоа што таа е толку многу убава, што тоа е лудо.