[ФОТО] Џиџи Хадид го прослави 5.роденден на својата ќерка и се осврнала на гласините за Зејн Малик и неговото отсуство на забавата

Кармин

24/09/2025

10:27

819

Големина на фонт

а а а

Џиџи Хадид ретко јавно зборува за својот поранешен партнер Зејн Малик, но неодамна сепак проговори.

Откако објавила фотографии на Инстаграм од прославата на петтиот роденден на нивната ќерка Каи, еден коментар ја поттикнал да реагира и да ја разјасни ситуацијата.

Одговори на гласините

30-годишната манекенка споделла низа трогателни моменти од роденденската забава, но бидејќи Зејн не се појавил на ниту една фотографија, многу обожаватели заклучија дека не бил присутен на прославата. Еден од следбениците коментирал: „Би сакал и нејзиниот татко да беше таму“, на што Џиџи одлучила директно да одговори и да стави крај на гласините.


„Беше со двајцата на својот роденден!!“, накратко напишала манекенката и со тоа потврдила дека и Зејн бил дел од прославата. Во својата објава, Џиџи напишала емотивна порака посветена на ќерка си:

„Да те славам тебе е најдобриот ден некогаш, секоја година. Среќен 5. роденден, светлино на мојот живот! Ти навистина си сè, толку сум среќна и горда што сум твоја мајка!!! (п.с. 5 ГОДИНИ, КАКО?!?“

Не се заедно од 2021 година

Џиџи и Зејн започнале врска во 2015 година, а раскинале три години подоцна. Гласините за нивно помирување започнаа во 2019 година, а првпат беа видени заедно во Њујорк во јануари 2020 година. Ќерката им се роди во септември 2020 година, а изгледа дека 2021 година била пресудна за нивната љубов.


Џиџи веќе две години е во врска со 50-годишниот актер Бредли Купер. На почетокот својата врска ја држеа далеку од очите на јавноста, но постепено почнаа да споделуваат заеднички моменти, а официјално ја потврдија на Инстаграм за 30-тиот роденден на Џиџи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk