Лионел Меси се подготвува за своето трето мундијалско финале во кариерата, второ во низа по она во Катар на кое заедно со соиграчите ја освоија историската светска титула.
Аргентинскиот капитен се стави на располагање на 39-годишна возраст и покажа зошто е еден од најголемите на сите времиња и во оваа фаза од кариерата, па како лидер на „гаучосите“ одново се погрижи актуелниот шампион да стигне до големото финале.
Головите и асистенциите на Меси, како и страста која ја пренесува врз соиграчите направија Аргентина да режира неколку пресврти, па така „гаучосите“ вечерва ќе имаат нова шанса да се борат за светска титула, овојпат против селекцијата на Шпанија.
Предизвикот ќе биде навистина тежок за надминување, но на неколку часа пред финалето, Меси реши да ги мотивира своите соиграчи со емотивна порака.
– Најдобриот дел од сите овие години не беа само титулите, туку целото заедничко патување. Споделувањето на секој момент со оваа група, натпреварувањето за заеднички цели, враќањето од тешки ситуации и уживањето во секој заеднички чекор. Благодарен сум на секој мој соиграч, на сите членови на тренерскиот персонал и на сите оние кои работат во позадина секој ден и кои се заслужни оваа репрезентација да изгледа како семејство.
– Што и да се случи во финалето, оваа група напиша приказна што никогаш нема да ја заборавиме и што никој нема да може да ја избрише. Напред Аргентина, – порача Лео.














