Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието по сцената со Доналд Трамп за време на доделувањето на медалите.
Репрезентативецот на Аргентина, Кристијан Ромеро, се најде под светлата на рефлекторите поради моментот со Доналд Трамп, кој за кратко време го обиколи светот.
Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина заврши со големо разочарување за „гаучосите“, но еден момент по последниот судиски свиреж привлече огромно внимание.
el cuti romero le negó el saludo a donald trump. pic.twitter.com/bAJhC7Eo3R
— make argentina gay again (@makearggayagain) July 19, 2026
Камерите го забележаа потегот на Кристијан Ромеро за време на врачувањето на сребрените медали на аргентинските фудбалери. Дефанзивецот се качи на подиумот, го прими медалот од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а потоа помина покрај американскиот претседател Доналд Трамп без вообичаеното ракување.
Снимката експресно се прошири на социјалните мрежи, а навивачите ширум светот почнаа да го коментираат потегот на аргентинскиот репрезентативец. Едни го пофалија, додека други оценија дека церемонијата требало да остане надвор од политиката и личните ставови.

Особено внимание привлече фактот што Ромеро не ги игнорираше сите официјални лица на бината – со некои од нив се ракуваше, додека во случајот со Трамп едноставно продолжи понатаму.
Контроверзниот момент се случи во атмосфера на големо разочарување за Аргентина. Актуелниот шампион не успеа да ја одбрани титулата, откако Шпанија славеше со 1:0 по продолженија, благодарение на голот на Феран Торес.

Додека Шпанците го креваа пехарот, а Доналд Трамп учествуваше во церемонијата на доделување на трофејот, вниманието на јавноста го украде токму Кристијан Ромеро, човекот кој со еден потег испрати порака.













