Расплаканиот Скалони го одржа најтажниот прес по финалето во Њу Џерси

Дерби

20/07/2026

11:58

475

Големина на фонт

а а а

Лионел Скалони донесе најголема радост за Аргентина пред четири години како селектор на селекцијата која го освои турнирот во Катар, но четири години подоцна, емоциите се сосема различни за „гаучосите“ кои повторно играа во големото финале.

Шпанија се покажа како претежок ривал за досегашните светски шампиони и тимот на Скалони беше целосно немоќен во офанзивен план, па после рапслет во кој пресуди голот на Феран Торес, сосема очекувано беше доста тешко да се зборува од таборот на Аргентинците.

Скалони како селектор се соочи со новинарите и не знаеше да потврди дали ќе остане селектор по истекот на договорот, па на крајот не можеше да се додржи и го напушти прес-центарот во ситуација кога сфати дека е совладан од емоциите.

– Не зборував со никого за поразот, ниту со капитенот Меси, ниту со претседателот на Федерацијата. Има време за тоа, идејата е да го довршам договорот, а потоа да видиме што понатаму. Потребно е време да се седне и да се размисли, не сум сигурен дека ќе можеме да повториме нешто волку големо. Ќе треба да разговараме, благодарен сум за шансата која ја добив, чест е да се биде на ова место. До декември ќе бидам селектор, а потоа ќе видиме, – изјави видно емотивниот Скалони, кој во продолжение целосно се „скрши“.

– Сонувавме повторно, сонувавме за цела нација, дадовме се од себе до последен момент. Јас и целиот стручен штаб, играчите и сите навивачи. Потребно ми е време да го соживеам сето ова и да размислам. Нема поубаво место од ова за мене, но за да се продолжи, ќе мора да се ресетираме. Ќе биде потребно повторно да се создаде ваква група, а тоа ќе биде навистина тешко за остварување. Ме боли душата, жалам за овој пораз, – изјави расплаканиот Скалони, кој доби овации од сите присутни во салата.