Невил анализира: Тој беше голем проблем за Англија на СП

Дерби

20/07/2026

07:41

949

Големина на фонт

а а а

Англија го освои третото место на Светското првенство што е нивен најдобар резултат уште од 1966 година, но и покрај тоа постои незадоволство, критики пред се на сметка на селекторот Томас Тухел.

Секако има забелешки и за играчите, а еден од оние кој постојано е присутен во медиумите со коментари е поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил.

Невил има измешани чувства по се што се случи на турнирот и за него е вистинска штета што Англичаните го немале во вистинско светло, топ форма Деклан Рајс.

-Најголемата позитивна страна од гледна точка на Англија беше пласманот во полуфиналето. Причината зошто не мислам дека треба да претеруваме е ако ми кажевте пред турнирот дека Англија ќе стигне до полуфиналето, ќе ви ја скршев раката. Составот што го одбра, не мислев дека ќе може да го помине полуфиналето и тоа се случи.

-Џуд [Белингам] беше неверојатен, Хари [Кејн] постигнуваше исти голови. [Џед] Спенс е позитивен, тој докажа дека може да игра на ова ниво и да се брани еден против еден. За мене, тоа што го немаше Деклан Рајс на турнирот, што всушност беше случај… неговото отсуство е огромен проблем.

-Деклан Рајс во форма, лета и трча преку сите… [Елиот] Андерсон понекогаш беше таму во тој среден ред речиси сам. Го сакам Деклан до бескрај, тој е убедливо нашиот најдобар играч од средниот ред, но физички не беше ни блиску до тоа на турнирот, -истакна Гери во подкастот на Питер Крауч.