Англичаните ликуваат: Победа на фудбалот над криминалната Аргентина

Дерби

20/07/2026

11:31

701

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми пред само 24 часа пишуваа за историскиот бронзен медал кој го освои „Гордиот албион“ на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но откако заврши големото финале на Светското првенство, дел од таблоидите имаа нова голема причина за славје.

По болниот пораз од Аргентина во полуфиналето, Англичаните повеќе симпатии покажаа кон европската земја, а крајниот епилог од финалето во Њу Џерси донесе и провокативни наслови.

Англиските таблоиди со голема сласт ја проследија тесната победа на Шпанија во завршното сценарио, а медиумот кој испорача најпровокативен наслов е угледниот „Телеграф“.

– Шпанија го освои мундијалот во натпревар во кој победи фудбалот против кримиланата Аргентина!, – гласи насловот на „Телеграф“ кој брзо одекна и во светската јавност.

Со победата во финалето, Шпанија стигна до втора ѕвездичка и втора освоена светска титула, додека Аргентина остана на трите од 1978, 1986 и 2022 година.