Тројца шпански играчи ги собраа најпрестижните награди по финалето во Њу Џерси

Дерби

20/07/2026

08:44

1.493

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе ја доби битката со Лионел Меси и ја освои „Златната копачка“ на ова Светско првенство на кое заврши како најдобар голгетер, турнир на кој францускиот капитен постигна десет погодоци.

Со два погодоци повеќе од Меси, Мбапе на крајот ја доби тесната битка и воедно стана најдобар голгетер во историјата на мундијалите, но со исклучок на оваа награда која ќе заврши во рацете на Килијан, сите три останати заминаа во раце на шпански фудаблери.

Финалистот Аргентина потфрли во завршното сценарио во Њу Џерси и едноставно не можеше да парира на моќната Шпанија, која во своите редови ги има и најдобриот млад играч, најдобриот голман и најдобриот играч на турнирот.

Стоперот Пау Кубарси беше избран за најдобар млад играч на турнирот во САД, Мексико и Канада, голманот Унаи Симон кој прими само еден гол беше избран за најдобар во својата категорија, додека Родри го доби МВП признанието.

Играчот за врска на Манчестер Сити ја доби „Златната топка“ на мундијалот, признание кое е целосно заслужено со оглед на тоа што го прикажа на ова натпреварување.