Де ла Фуенте побара од Кукурелја и останатите да си стојат на зборот: Не сум толку грд…

Дерби

20/07/2026

13:01

705

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја беше хит за цела нација откако Шпанија ја освои европската титула пред две години, а сега повторно се очекува неговото излагање во јавноста да биде едно од најследените, пред се поради ветувањето кое го даде пред Светското првенство.

Новиот фудбалер на Реал Мадрид најави дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку Шпанија освои светска титула, па откако вчера тоа и се случи на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси, сега сите очекуваат да си стои на зборот.

Во првото соочување со новинарите, Кукурелја потврди дека ќе си го исполни зборот и дека ќе го истетовира Де ла Фуенте, а бидејќи се појавија информации дека неговиот пример може да го следат уште неколку репрезентативци, со интересна порака се јави и селекторот.

– Има ли тату-мајстор овдека? Морам добро да размислам каде ќе ја ставам тетовата од Де ла Фуенте. Сигурно ќе биде на видливо место, но за тоа ќе размислам за време на летот до дома, – изјави Кукурелја.

– Јас нема да правам нешто слично како нив, доволно сум возрасен за тетоважи. Дел од момчињата погрешија со зборот кој го дадоа, но сега мора да си го одржат истиот. Впрочем, не сум толку грд за да не ме тетовираат. Се надевам дека ќе си го исполнат ветувањето. Ако нешто ветите, треба и да го остварите, – изјави Де ла Фуенте.