Јамал му пријде на разочараниот Меси и покажа почит кон својот идол

Дерби

20/07/2026

13:06

707

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал беше добро чуван од аргентинските дефанзивци и не доби многу простор за игра, но во натпревар на кој „гаучосите“ се бранеа со сите сили, ниту еден шпански фудбалер не доби многу време да размислува.

Европската земја на крајот победи благодарение на тимската игра и добро изработената акција по која Феран Торес прерасна во национален херој, а овој момент се покажа како клучен во едно финале во кое имаше многу борба и одредена тензија на крајот.

За разлика од некои аргентински фудбалери кои тешко го прифатија поразот, Меси се дистанцираше од невкусните епизоди и достојно го поднесе поразот, но од друга страна, очекувано беше крајно разочаран од исходот.

Меси седна на земја непосредно по финалето и ја чекаше церемонијата на ФИФА, но пред да оди да си го земе сребрениот медал, Лео беше утешен од Ламин Јамал.

Момчето кое пред 19 години како бебе беше држено токму од големиот Лео, сега дочека да го победи својот идол на најголемата светска фудбалска сцена, но по натпреварот покажа класа и отиде да го утеши аргентинскиот капитен.