Не е само Паредес: Родри доби тупаница во гради од аргентински фудбалер по последниот свиреж на Винчиќ

Дерби

20/07/2026

12:01

611

Големина на фонт

а а а

Леандро Паредес ги загуби нервите по последниот судиски свиреж на Славко Винчиќ, но иако мешаницата која настана меѓу него, Гарсија и Гави се најде во центарот на вниманието, повторените снимки покажаа дека главата ја изгубил уште еден аргентински фудбалер.

Јужноамериканската крв зовре во моменти на големи емоции и тензии на теренот, па по последниот знак кој го даде словенечкиот судија, видовме и сцени кои не доликуваат за едно финале.

Боречките зафати на Паредес се најдоа во прв план, но доста невкусен потег извел и десниот бек на Аргентина, Нахуел Молина.

Десниот бек на Атлетико Мадрид му удрил тупаница во пределот на градите на Родри додека шпанскиот капитен трчаше кон своите соиграчи, па иако се врати да бара објаснување, искусниот играч за врска не наседна на провокациите.

Родри не возврати со физичка агресија и продолжи да се радува, но подоцна имаше конфликт и со Отаменди кој остана незадоволен од одредени изјави на Шпанците пред финалето.