Репрезентацијата на Шпанија е нов светски шампион и тоа откако вечерва ја надигра Аргентина на средбата на стадиoнот Метлајф во Њу Џерси.
Шпанците славеа со 1-0 по продолженијата, но ова можеше да се случи многу порано затоа што „гаучосите“ одиграа катастрофален меч, меч кој на крајот го завршија со два упатени удари, ниту еден во рамките на голот на Симон.
„Црвената фурија“ имаше шанси, полушанси во основниот дел, меѓутоа не успеваше да го матира Мартинез. Дополнителен проблем за Аргентина беше и тоа што Фернандез непотребно заработи втор жолт картон во 93 минута и на тој начин ги остави соиграчите на цедило.
Избраниците на Де Ла Фуенте напаѓаа и конечно го скршија отпорот на „гаучосите“ во 106 минута кога Торес на асистенција на Вилијамс ја смести топката во мрежата.
Ова за Шпанија е втора мундијалсна титула, прва по 16 години кога беа број еден во Јужна Африка.







