Нервозниот Отаменди имаше жестока порака за шпанскиот капитен: Плачевте цела недела

Дерби

20/07/2026

10:46

598

Големина на фонт

а а а

Епилогот од големото финале на Светското првенство донесе измешани емоции кај актерите на двата тима, од една страна огромна радост и максимална сатисфакција, а од друга огромно разочарување и тага која ќе трае подолго време.

Шпанија заслужено победи во финале во кое доминираше 120 минути и со голот на Феран Торес стигна до втора светска титула во својата историја, па иако во најголем дел од средбата гледавме фер игра и спортска битка каква што доликува за вакви сценарија, по последниот судиски свиреж настана и метеж на теренот.

Иако во фокусот беше дуелот на Леандро Паредес со двајца шпански фудбалери, жртва на напад беше и шпанскиот капитен Родри, кој прво се соочи со Молина, а потоа и со Отаменди.

Искусниот аргентински стопер имаше забелешки за шпанскиот капитен и беше очигледно дека неговиот тон не е баш пријатен, а угледните медиуми од Шпанија сега ја пренесоа конверзацијата која ја имале двајцата, односно пораката која му ја испратил лутиот Отаменди на зачудениот Родри.

– Во иднина зборувајте помалку идиоте…… Плачевте цела недела, плачеше и ти цела недена. Ти и Лапорта, двајцата заедно. Тоа не е во ред, плачевте цела недела другар, – му порача Отаменди на Родри, јасно алудирајќи на изјавата во која капитенот говореше за агресијата која ја дозволуваат судиите на натпреварите кои ги игра Аргентина, како и на изјавата на Лапорт во која стоперот посочи дека во последно време се случиле „чудни“ работи на средбите во кои пресврт правеа „гаучосите“.