Завршното танго на Меси заврши со солзи: Аргентинската армија френетично пееше, Лео ронеше солзи

Дерби

20/07/2026

11:27

335

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси го одигра завршното танго на светските првенства и стави крај на шестото учество кое и самиот рече дека ќе биде последно, турнир на кој иако даде се од себе, сепак немаше сили за да најде решение за моќната Шпанија во друштво на своите соиграчи.

Без ниту еден директен шут кон голот на Унаи Симон, Аргентинците немаа на што да се надеваат во финалето во Њу Џерси, па после натпревар со толку голема магнитуда, беше јасно дека ќе преовладаат и емоциите.

Лионел Меси добро се држеше по последниот судиски свиреж на Славко Винчиќ и им честиташе на дел од своите ривали, но најтажната сцена за него и голем број аргентински фанови пристигна во продолжение.

Откако ги добија сребрените медали за вицешампионскиот статус, Аргентинците се упатија кон главната трибина која беше обоена во сино-бело, а таму настана сцена која долго ќе се памети.

Меси пред четири години донесе толку очекувана и посакувана светска титула за Аргентина, сега ги водеше „гаучосите“ до големото финале, но и покрај поразот, доби чест која малку кој би ја добил.

Аргентинската армија френетично му пееше на својот капитен, а тој ронеше солзи и остави сцена која тешко ја поднесоа и најголем дел од неговите симпатизери.