Ѓоковиќ се враќа и ќе настапи на турнирот каде има освоено пет титули

Дерби

18/02/2026

11:49

174

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ веќе некое време ги бира турнирите на кои настапува или поточно не се форсира и игра само кога е максимално фит, подготвен и може да дојде до резултат.

Тој одлучи да одмори по Аустралијан Опен каде стигна до финалето, меѓутоа таа пауза набрзо ќе заврши и тоа со негов настап на Мастерсот во Индијан Велс.

Организаторите објавија дека Ноле се враќа на турнирот на кој дебитираше пред 20 години, турнир кој го има освоено петпати во кариерата. Истиот ќе се игра од 1 до 15 март, а наградниот фонд е 9.415.725 долари.