Винисиус и Престиjани со свои вистини за инцидентот во Лисабон: Расистите се кукавици…

Дерби

18/02/2026

12:44

411

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид го доби првото соочување со Бенфика во нокаут фазата во Лигата на шампионите, но триумфот од 1-0 остана во сенка на тоа што се случи во вториот дел кога Винисиус Жуниор обвини дека е мета на расистички навреди од страна на домашниот фудбалер Џанлука Престиjани.

Натпреварот некое време беше во прекин, истиот продолжи, заврши и сега има и „трето полувреме“ со изјави, објави од играчите кои беа директно инволвирани во оваа ситуација.

- Расистите се, пред сè, кукавици. Тие мора да ставаат маица на уста за да покажат колку се слаби. Но, тие имаат заштита од други кои, теоретски, имаат обврска да ги казнат.

- Ништо од она што се случи денес не е ново во мојот живот или во животот на мојот тим. Добив жолт картон поради прослава на гол. Сè уште не разбирам зошто. Од друга страна, тоа беше само лошо имплементиран протокол кој не послужи за никаква цел. Не сакам да се појавувам во вакви ситуации, особено по голема победа и кога насловите треба да бидат за Реал Мадрид, но тоа е потребно, - порача Бразилецот.

Своја објава, реакција имаше и од Престиjани кој порача:

- Сакам да разјаснам дека во ниту еден момент не упатив расистички навреди кон Винисиус Жуниор, кој за жал погрешно го разбра она што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист кон никого и жалам за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид, - порача Аргентинецот.