Таткото на Мак Алистер се огласи за иднината на неговиот син: Ќе видиме…

Дерби

18/02/2026

07:33

436

Големина на фонт

а а а

Алексис Мак Алистер од 2023 година е дел од англискиот великан Ливерпул во кој направи трансфер по квалитетните партии во дресот на Брајтон.

Сега Аргентинецот е незаменлив дел од почетната постава на „црвените“ и токму поради тоа чудни беа информациите во дел од англиските медиуми дека би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед, односно дека има интерес за него од „Олд Трафорд“.

Тој има договор до 2028 година што значи дека Ливерпул засега може да биде мирен, но се е отворено и фудбалерот очекува потег од самиот клуб.

-Алексис во моментов размислува само за Ливерпул. Чекаме понуда за обновување на неговиот договор. Ќе видиме каков е планот на клубот, -истакна Мак Алистер сениор.

-Ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случи со обновата. Тоа е сè, -додаде Карлос.