Борусија Дортмунд издвојува сигурна победа над Аталанта (2-0) и направи голем исчекор кон пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Гираси и Бајер беа стрелци за домаќините во мечот кој имаше чуден крај, поточно за сите беше изненадување „поздравот“ кој двата тренери го имаа по последниот судиски свиреж.
Рафаеле Паладино дефинитивно беше лут и немаше спортски поздрав, потег со кој го изненади Нико Ковач.
- Не сакам да протестирам, а тие се жалеа за секоја ситница на аут-линијата. Се обидувам да ги оставам судиите да си ја работат својата работа, добра или лоша, па му реков дека треба да ги остави и судиите на мира, - рече Паладино
Ковач за истата ситуација пак порача:
- Паладино? Сакав да се ракувам со него, но не разбрав што се случи. Тој рече нешто на италијански што јас не го разбрав. Дали моите играчи се жалеа кај судијата? Тоа е нормално во фудбалот. И двајцата бевме играчи, не бевме единствените што се жалеа. Беше мирен натпревар, - рече Хрватот.








