Мурињо го подбра Винисус, па му се нафрли на Летексие: Судијата имаше ливче на кое пишуваше…

Дерби

18/02/2026

12:43

386

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо жали што големиот спектакл меѓу Бенфика и Реал Мадрид траел само 50 минити, бидејќи после расистичкиот инцидент кој настана по голот на Винисиус Жуниор, според искусниот португалски стручњак веќе не се играло фудбал.

Реал Мадрид ја оствари целта и успеа да победи со 0:1 на гостувањето на „Луж“, натпревар кој во целост беше одбележан од Винисиус поради спектакуларниот гол, провокацијата кон публиката, како и расистичкиот инцидент за кој се пожали.

Вини го стопираше натпреварот поради наводна расистичка навреда од Престијани, а по крајот на мечот, Мурињо кратко ја коментираше оваа ситуација и реши да го подбере фудбалерот на Реал кој по којзнае кој пат предизвикува вакви сцени на фудбалските натпревари.

– Престијани нема зошто да жали. Разговарав со двајцата. Винисиус кажува една работа, Престијани друга. Не сакам да бидам судија и да судам на некого. Не можам да кажам дека Винисиус е во право, а дека Престијани не ја кажува вистината. До голот на Реал гледавме одличен натпревар, после тоа немаше фудбал. Винисиус постигна гол кој можат да го постигнат само тој и Мбапе, а наместо да оди и да заврши во прегратка на соиграчите, решава да влезе во клинч со 60 илјади навивачи на овој стадион.

– Колку пати се случува ова со него? На колку стадиони го има направено ова? Тој е играч од друга димензија, уживам да го гледам, но кога постигнува ваков гол, треба да заврши во прегратка на соиграчите, а не да прави нешто друго. Натпреварот заврши по неговиот постигнат гол, – изјави Мурињо, кој имаше сериозна забелешка за судијата Франсоа Летексие.

– На крајот ме исклучија мене, не ме исклучи за приговор за црвен картон за Винисиус, туку поради тоа што му го кажав. Судијата имаше ливче на кое пишуваше дека не смее да им покаже жолт картон на Чуамени, Карерас и Хаусен. Не сакаше да ги опомене и му го кажав тоа на судијата. Имам 1400 натпревари зад себе и добро препознавам вакви работи. Судијата добро знаеше кого треба да опомене, а кого не, – изјави Жозе во свој стил.