ВАР „заспа“ во Лисабон: Валверде му удри бокс на противнички фудбалер, а остана без никаква санкција

Дерби

18/02/2026

11:09

287

Големина на фонт

а а а

Многу работи се случија на синоќешниот натпревар меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соочување кое на крајот им припадна на гостите со 1-0, резултат кој им ги отвара вратите за место во наредната фаза, но од друга страна и резултат кој остава простор за португалскиот прволигаш да проба да направи некое изненадување на „Бернабеу“.

Од сите случувања во Лисабон, еден момент остана незабележан или поточно не доби внимание пред се судиите на теренот, а и од оние во ВАР собата.

Се работи за ситуацијата од самиот финиш кога при еден дуел, борба за топка Федерико Валверде замавнува и буквално му удира бокс на дефанзивецот Самуел Дал, потег за кој беше досуден само фаул без никаква санкција, ниту жолт, ниту црвен картон.

ТУКА можете да ја погледнете таа ситуација.