Арсенал има одлични резултати во сите натпреварувања во тековнана сезона и може истата да ја заврши со четири освоени пехари што би било исторски потфат, успех за кој ќе се зборува со години и генерации.
Меѓутоа екипата може и да остане со празни раце затоа што допрва следат клучните битки на повеќе фронтови со тоа што најмного се зборува за Премиер лигата. „Топчиите“ се лидери со плус четири во однос на Манчестер Сити, но во јавноста и кај аналитичарите се уште постои страв, претпазливост дека екипата може да се лизне и покрај тоа што постојано е на врвот на табелата.
Џејми Карагер смета дека квалитетот може да го спречи Арсенал да биде првак и притоа ги издвои Мартин Одегард и Букајо Сака како играчи од кои очекувал да бидат на далеку повисоко ниво во оваа фаза на нивните кариери.
- Дадов коментар за Арсенал пред околу еден месец, откако го избрав мојот тим за сезоната во Премиер лигата. Луѓето зборуваат за нивниот менталитет – всушност мислам дека Арсенал има одличен менталитет. Но, проблемот може да биде недостатокот на квалитет во завршната третина.
- Кога го гледам Арсенал, не мислам дека имаат апсолутна суперѕвезда во офанзивните четири или пет играчи. Мислев дека Сака и Одегард ќе стигнат до таму пред неколку години. Мислев дека се подготвени речиси да станат најдобрите играчи во Премиер лигата. Сè уште не мислам дека Арсенал има еден од нив.
- Значи, луѓето зборуваат за менталитетот на Арсенал, но она што мислам дека всушност би можело да ги запре [во трката за титулата] е всушност квалитетот. Мислам дека сите би се согласиле дека Арсенал е најдобриот тим оваа сезона, но Манчестер Сити бил таму и претходно, дури и ако не е стариот Сити, - истакна Џејми.








