Капитенот на Аталанта верува во пресврт против Дортмунд: Ние сме силен тим, можеме…

Дерби

18/02/2026

12:41

107

Големина на фонт

а а а

Калчолигашот Аталанта доживеа пораз од Борусија Дортмунд во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на шампионите, пораз од 2-0 кој ги става во тешка ситуација пред реваншот во Бергамо кој е закажан за наредната седмица.

Домаќините ги искористија своите шанси, двата удари во рамката на голот завршија во мрежата на гостите кои сепак и покрај овој резултат не се откажуваат и веруваат дека можат да направат пресврт пред своите гледачи.

- Се мачевме со нивното темпо на почетокот, но потоа играта стана поизбалансирана, имавме неколку шанси, а вистинска штета беше што го примивме вториот гол. Секогаш мора да веруваме, и веруваме многу, бидејќи последните 25 минути ни дадоа самодоверба дека можеме да им наштетиме и нив. Тие се опасни трчајќи во простор, но знаеме што можеме да направиме и сакаме да градиме врз тоа. Влеговме во соблекувалната, ја затворивме вратата и си рековме еден на друг дека мора да веруваме, бидејќи сме силен тим. Нападнавме повеќе во второто полувреме, а тоа значеше оставање простори, но добро направивме што не примивме трет гол, - истакна капитенот Мартен Де Рон.

- Бев многу импресиониран од Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча има огромно физичко присуство, но сепак верувам дека можеме да се бориме со нив и да го кажеме својот збор во Бергамо, - дополни Холанѓанецот.

Реваншот е на програмата на 25 февруари со почеток од 18:45 часот.