[ВИДЕО] Неверојатни вести од ММА светот: Се враќа Ронда Раузи, ќе се бори против легендарната Џина Карано

Точка

17/02/2026

19:59

496

Големина на фонт

а а а

Неверојатна вест пристигнува од ММА светот, а се однесува на враќањето на двете веројатно најголеми ѕвезди на овој спорт. Имено, во организацијата што ја водат Џејк Пол и Накиса Бидаријан, „MVP“, ќе се соочат легендарната Ронда Раузи и Џина Карано.

Ронда, која извесен период доминираше во октагонот на УФЦ, не се борела од 2016 година кога беше брутално нокаутирана од Аманда Нуњес.

Со години беше повлечена од овој спорт, а според пишувањата на медиумите во Америка ќе се бори против Џина Карано на 16-ти мај. Раузи и Карано долго време беа поврзувани во текот на своите кариери, но борбата меѓу нив никогаш не се реализираше додека беа на врвот.


Кога Карано неодамна сподели снимка од тренинг, обожавателите веднаш почнаа да шпекулираат за можен камбек. Сепак, најголемо изненадување е фактот што нивниот меч на 16-ти мај во „Intuit Dome“ нема да се одржи под капата на УФЦ.

Во првата изјава по објавата, Раузи во соопштение за јавноста порача:

„Долго чекав да го објавам ова: Џина Карано и јас ќе се бориме во најголемата суперборба во историјата на женските боречки спортови! Се здруживме со промоцијата ‘MVP’, која е насочена кон борците, како и со најголемиот и најсилен стриминг сервис на планетата, ‘Netflix’. Ова е за сите ММА фанови – поранешни, сегашни и идни. Следува уште многу... многу повеќе“, изјави Раузи.

Инаку, Карано последната борба ја имаше во 2009 година, а потоа се насочи кон актерската кариера.