Ева Лонгорија Бастон веќе со денови ужива на плажата во Марбеља со својот син Сантијаго Енрике и сопругот Хозе Антонио Бастон. Таа ја пропушти свадбата на нејзината пријателка Лорен Санчез и Џеф Безос, тридневната прослава што траеше од минатиот четврток до сабота.
Актерката и продуцентка привлече бројни погледи во розовиот дводелен костим за капење со танга детаљ. Како и обично, таа носела и бела кошула, што е нужен детаљ на нејзиниот летен стил како и сламена шапка и очила за сонце.
Инаку кога ги забележала папараците, тие воопшто не ја вознемириле, а се чини како да уживала во позирањето, бидејќи некои од позите беа навистина предизвикувачки.
Лонгорија, повторно како и обично, се обидела стомакот да ѝ биде што е можно порамен, иако и без вовлекување таа изгледа одлично. Инаку само пред неколку дена, актерката била фотографирана на истото место, во тегет костим за капење кој исто така имал и танга дел.
Меѓутоа кога ќе се споредат фотографиите во тегет костимот за капење со оние на кои актерката носи розов костим, има забележителна разлика, најмногу во целулитот, кој е присутен на фотографиите со розов костим за капење.
Ова би можело да покаже колку е важен и начинот на позирање, односно вистинската поза, или пак првиот пат Ева имала влијание врз папарацо фотографиите, но вториот пат ја разочарале.
Со или без целулит, сепак мора да се признае дека Ева Лонгорија Бастон (50) изгледа одлично.