Хју Џекмен официјaлно е разведен, а неговата поранешна сопруга тој факт очигледно е дека тешко го поднела.
Познатиот актер Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес официјално се разведени, а веста била потврдена денеска.
Иако парот одамна соопштил дека на нивната љубов ѝ дошло крајот, Џекмен веќе наголемо ужива со новата избраничка Сантон Фостер, веста за разводот навистина ја разбеснела Дебора.
Како што наведува извор близок до актерката, таа добила повик за „дејт“, но моментално ништо не ја интересира, пренесува „Daily Mail“.
„Нејзините пријатели се обидуваат да ѝ закажат некој состанок, меѓутоа, тоа неа сега воопшто не ѝ одговара“, изјавил изворот.
Таа наводно не е огорчена од мажите, но цел тој период тешко ѝ паднал и сака малку време за себе.
„Дебора одби и неколку прекрасни типови. Со години била сигурна дека пронашла животен партнер, па не ни помислувала дека во оваа фаза од животот ќе остане сама“, наведува изворот.
Колку е погодена, говори и фактот дека на сите социјални мрежи ставила филтер којшто ги ограничува појавувањата на вестите поврзани со Џекмен и неговата нова девојка, па на некој начин го блокирала неговото појавување.
„Не мора да ги гледа фотографиите на својот поранешен Сопруг со Сантон ниту да ги чита вестите за нив. Тоа ѝ помага да помине полесно низ животот“.
Хју Џекмен поминал дури 27 години во брак со Дебора, а се шпекулираше дека врската со Сантон почнала претходно.
Наводно Дебора дознала за аферата и тоа додека Сантон се обидувала да оствари пријателски однос со него.
Џекмен и Дебора важеле за најскладниот пар во Холивуд.
„Ме зедоа со автомобил, а Деб седеше на предното седиште. Никогаш тоа нема да го заборавам. Го извади појасот, се сврте, ја испружи раката, ги извади очилата за сонце и рече: Здраво, јас сум Дебора Ли Фурнес, драго ми е. Се сеќавам дека помислив: Ми се допаѓа девојката“, се присетил актерот во една прилика.
Тие се венчале во 1996 година, а актерот според пишувањата на медиумите, лично го дизајнирал вереничкиот прстен со којшто ја запросил Дебора.