[ФОТО] Макрон ѝ ја бакнал раката, а Трамп ја „одмерил“ од глава до петици: „Целиот свет“ зборува за овие фотографии

Точка

25/06/2025

20:02

4.535

Големина на фонт

а а а

Во време кога очите на целиот свет беа вперени во домаќинот на првиот НАТО самит одржан во Холандија, една дама без премногу напор го украде вниманието на јавноста.

Станува збор за холандската кралица Максима (54), која, заедно со кралот Вилем-Александер од Холандија, ги поздравија лидерите на 32 земји-членки, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.


Иако поводот беше самитот, за кој се дискутираше со недели, холандската кралица сепак успеа да го украде вниманието. Тешко беше да се игнорира впечатливата модна комбинација на 54-годишната Максима, која ги засени дури и најмоќните личности на таканаречената „семејна фотографија“ од самитот.


За оваа свечена пригода, кралицата Максима избра смел, комбинезон изработен по мерка во светло зелена боја со препознатливиот бренд „Natan Couture“.


Стајлингот го надополни со елегантни салонки и едноставна шминка во „nude“ тонови и едноставна фризура.



Нејзиниот моден избор, драпиран и елегантен, беше толку импресивен што светските медиуми веднаш ја прогласија за модна победничка на вечерта.

Која е холандската кралица Максима?

Кралицата Максима е родена на 17 мај 1971 година во Буенос Аирес. Нејзиниот татко бил министер за земјоделство на Аргентина и уште од рана возраст кај Максима всадил љубов кон учењето.


Максима дипломирала економија во 1995 година, а потоа работела за меѓународни компании во нејзиниот роден град, како и во Њујорк и Брисел.

Таа го запознала холандскиот крал Вилем-Александар на забава во Севиља. Нивната врска предизвикала негативни реакции, бидејќи таткото на Максима бил поврзуван со воената диктатура во Аргентина. Од истата причина, тој подоцна не се појавил ниту на свадбата на Максима.


Но од самиот почеток нивната љубов ја поддржала кралицата Беатрикс – која тогаш ја опишала идната снаа Максима како „интелигентна модерна жена“.

Максима и Вилем се венчале во 2002 година и се горди родители на три ќерки – принцезата Катарина-Амалија, принцезата Алексија и принцезата Аријана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk