Таа е најобразованата актерка на светот, говори 6 јазици, има диплома од Харвард: Сепак сопругот ја изневерил и ѝ го срушил цел свет

Кармин

24/06/2025

10:12

1.984

Големина на фонт

а а а

Натали Портман е родена на 9 јуни 1981 година во Ерусалим. Таа одела во еврејско училиште, а филмската кариера во еден момент ја жртвувала поради образованието.

Отсекогаш постоеле стереотипи дека холивудските актери не се образовани, а причината за тоа е тоа што многу од нив реално не се посветиле на своето образование, туку завршиле само основно или средно училиште, па се препуштиле на кариерата.

Сепак, има и такви на кои младоста и актерството им биле на второ место, па завршиле и факултети, а дури подоцна сфатиле дека актерството е нивната вистинска љубов и она со што сакаат да се занимаваат во животот.


Актерката Натали Портман на 12 години ја добила улогата во филмот „Леон“. Иако во младоста ја доживеала славата, таа денес е една од најобразованите жени во Холивуд. Завршила психологија на Харвард, а потоа дипломирала на Еврејскиот Универзитет.

Освен што е факултетски образована, Натали течно говори хебрејски и англиски, а разбира француски, германски, јапонски и шпански.

Нејзината актерска кариера започнала во 2000 години кога била забележана во филмот „Блискост“. За улогата во тој филм била номинирана за Оскар, а освоила Златен глобус. Потоа се појавила и во други филмови, а во 2011 година доби Оскар за главна улога во филмот „Црниот лебед“.

Во 2009 година таа се нашла на мета на критики кога била една од потписничките за петиција за одбрана на Роман Полански, режисерот којшто беше обвинет за дрогирање и силување на 13-годишно девојче. Полански по обвиненијата веднаш побегнал во Франција каде живее и денес.

Во февруари 2018 година Натали изразила жалење поради потпишувањето петиција, велејќи дека тоа било грешка:


„Ја преземам одговорноста што не размислив доволно за тоа. Некој кого го почитував ми ја даде петицијата и рече: Го потпишав ова. Ќе го потпишеш ли и ти? И јас се согласив. Тоа беше грешка. Она што го сфатив е дека со тоа добив емпатија кон луѓето кои правеле грешки. Живеевме во друг свет и тоа ништо не оправдува. Но, можам да ви ги отворам очите и целосно да го смените начинот на којшто сакате да живеете. Моите очи не беа отворени“.

Иако овој момент се заканувал да ѝ ја „раздрма“ кариерата, Натали успеала да излезе на крај со сите предизвици и деновиве ужива во статусот на една од најбараните и најценети актерки.

Во септември 2023 година Натали ставила точка на 11-годишниот брак со балетанот Бенџамин Милипејд, а причината била негово неверство.

Веста за разводот изненади многу од нејзините обожаватели, токму заради тоа што тие отсекогаш оставале впечаток на еден од најскладните парови во Холивуд.

„Откако се дозна за неговата афера, работеа на тоа да се смират и да го спасат бракот, но сега е сѐ готово“, изјавил нивен пријател.


Талентирана, успешна, интелигентна, убава... Ништо од тоа не било доволно за балетанот од Франција на кој Натали му роди две деца, синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6).

Инаку, Натали и Бенџамин се запознале на снимањето на филмот „Црниот лебед“ каде актерката ја толкуваше главната улога, а тој ја правел кореографијата.

Иако Портман од почеток на кариерата се обидувала да го зачува својот приватен живот од јавноста, познато е дека имала неколку партнери пред да стапи во брак со поранешниот сопруг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk