„Forbes“: Таа е најбогатата актерка на светот и тоа не поради актерството – повлекла само еден потег и заработила милиони

Кармин

25/06/2025

22:03

5.258

Големина на фонт

а а а

Најбогатата актерка на светот, според процената на магазинот „Forbes“ е Рис Витерспун. А, иако е многу успешна во актерската професија, таа работа не ѝ ја донела таа позиција.

По освојувањето на Холивуд, таа повлекла уште еден паметен потег.

Според извештајот за јуни 2025 година, нејзиното богатство изнесува 440 милиони долари, пишува „Forbes“. Најбогатата актерка на светот е Рис Витерспун (49), а таа реди успеси на филмското платно и малите екрани од 90-тите години, а кога во 2001 година потпишала договор за филмот „Legally Blonde“ барала да ја задржи целата дизајнерска облека која ја носела на снимањето и чевлите, а во тоа спаѓале 77 пара чевли „Jimmy Choo“.


И Сара Џесика Паркер го имала истото барање кога станува збор за серија „Sex and the City“, но сепак таквиот услов го барала и за сите филмови и серии во кои глумела, па сега има вистинско модно богатство и многу ѝ честитаа на тоа.

Баш како и Рис Витерспун која за улогата во филмот „Walk the Line“ добила Оскар, а била многу успешна и во серијата „The Morning Show“.

Напоредно со актерската кариера, таа започнала моден бренд „Draper James“, основала клуб за книги и станала член на одборот „Children’s Defence Fund“.

Пред девет години ја основала медиумската компанија „Hello Sunshine“ и благодарение на тоа станала најбогата актерка на светот.


„Hello Sunshine“ сака да „ја прошири перспективата и да ги зајакне жените преку авторство и да создаде платформа која ќе им помогне во обликување на културата и светот околу себе“.

Компанијата ги продуцирала „Big Little Lies“, „The Morning Show“ и „Little Fires Everywhere“ и се смета за голем играч во светот на забавата.

Кога компанијата „Candle Media“ ја купила во 2021 година, вредела 900 милиони долари.

„Ја основав оваа фирма за да го сменам начинот на којшто сите жени се претставуваат во медиумите.


Во текот на изминатите неколку години следевме како нашата мисија напредува низ книгите, телевизијата, филмовите и социјалните платформи. Денес правиме огромен чекор напред со партнерство со „Blackstone“, што ќе ни овозможи да раскажеме уште позабавни, повлијателни и попоучни приказни за животите на жените ширум светот“, изјавила актерката и деловна жена.

Рис по продажбата на компанијата задржала удел од најмалку 18 отсто и наводно заработила 120 милиони долари, а истовремено продолжила со клучната улога во „Hello Sunshine“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk