Џорџ и Амал Клуни се навикнати на друштво на највлијателните луѓе во светот бидејќи, на крајот на краиштата, и самите припаѓаат на тој тесен круг, но поканата од кралот на Велика Британија е нешто посебно – а Амал беше повеќе од подготвена за тој моден предизвик.
Славниот пар беше меѓу гостите на приемот по повод доделувањето на наградите на „Кралскиот фонд“ што го организирал кралот Чарлс III во Бакингемската палата, а познатата адвокатка повторно беше најдобро облечената дама на вечерта.
Амал Клуни пристигна во Палатата во отмен црн фустан, вистинско парче за свечени пригоди, но сепак во потполност не „одигра на сигурно“.
Имено сопругата на холивудски актер се решила за модел со романтичен детаљ – шик јазол на прерамките, кои паѓаа од рамениците, давајќи сексапилност на нејзиниот стајлинг.
Амал изгледаше заводливо во фустанот кој ја следи линијата на телото и кој ја нагласи нејзината витка фигура.
Со овој елегантен стајлинг, адвокатката специјализирана за човекови права избра едноставна брановидна фризура, како и едноставна шминка која само ја нагласи нејзината природна убавина.
Ова е само една од низата средби на двојката Клуни со кралот Чарлс, кој го основал својот Кралски фонд во 1976 година, а го носел називот Принцов фонд сè до стапувањето на Чарлс на тронот во 2022 година.
Амал и Џорџ Клуни не само што се среќавале со кралот по повод оваа церемонија во минатото, туку и една од наградите од 2019 година е наречена Награда „Амал Клуни“ и ги слави достигнувањата на младите жени.
„Почестена сум што Фондот на принцот ме покани да се приклучам на глобална иницијатива што ги слави младите жени кои ги менуваат работите во своите заедници“ изјави тогаш г-ѓа Клуни. „Привилегија е да се биде дел од проект што ќе го привлече вниманието кон неверојатните млади жени кои се идните лидери на светот“, додаде таа.