[ФОТО] Што се случи со „најубавата жена во арапскиот свет“? По експлозијата во 2020 година стана друга жена и вели: Готово е со оправдувањата

Точка

27/06/2025

16:58

1.378

Големина на фонт

а а а

Убавицата која ја воодушеви планетата на почетокот на 2000-тите, а која се откажала од своите соништа за кариера во медицината и станала манекенка и актерка, сега дури и не наликува на жената што првично ја запознавме.

Сепак, таа нема проблем со тоа и вели дека луѓето ќе коментираат без разлика што прави, добро или лошо.

Надин Насиб Нџаим, поранешна Мис Либан, која ја претстави својата земја на изборот за Мис на светот 2004 и Мис Универзум 2005, го маѓепса светот пред повеќе од две децении, но и денес се смета за најубава жена во арапскиот свет.


Но по успешната кариера во манекенството, таа станала актерка и една од најпопуларните жени во Либан, а денес има повеќе од 17 милиони следбеници на Инстаграм.

Како Надин Насиб Нџаим стана позната?

Родена е во Бејрут на 7 февруари 1984 година и уште од мала сонувала да стане докторка. Откако победила на изборот за Мис, ги ставила своите соништа за кариера во медицината во втор план.

„Чувствував голема потреба да продолжам и да останам во центарот на вниманието. Не сакав да се вратам дома и да ги напуштам светлата на рефлекторите“ призна таа пред неколку години за арапското издание на списанието „Harper’s Bazaar“.


Меѓутоа се покажа дека Надин е многу повеќе од убаво лице односно таа има дарба и за глума, па за кратко време станала миленичка на либанската публика.

Таа се појави во голем број успешни серии и филмови, како што се „Law“, „Samra“, „3eshk El Nesa“, „Nos Yawm“, „Al Hayba“, „Tareeq“, „Khamse w Noss“, и беше првата арапска актерка номинирана за најдобра актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Сеул.

Еден неуспешен брак

Од 2011 до 2019 година, таа била во брак со инженерот Хеди Асмар, со кој доби две деца, а пред неколку години го шокираше арапскиот свет со своите ставови за интимните врски пред бракот. Големо внимание привлече и нејзината изјава за положбата на жените во денешното општество.


„Сакам жените да останат жени. Ако ме изедначат со маж, би се чувствувала како маж. Не го сакам тоа. Сакам да останам жена“ наводно изјавила за „Future TV“, а по негативните реакции на социјалните мрежи, Надин истакнала дека содржината на тоа старо видео била изменета за да ја дискредитира и дека таа „ги поддржува правата на жените и родовата еднаквост“.


Избричена глава како знак на поддршка на пациентите со заболени од рак

Пред извесно време, таа ги изненади своите обожаватели споделувајќи видео на кое заминува од Детскиот центар за рак со избричена глава и се поздравува со малите пациенти.


„Вистина е дека убавината е важна и сите сакаме да изгледаме убаво, но често забораваме дека убавината доаѓа одвнатре“ рекла Надин тогаш. „Да, ја избричив косата, но вистинското прашање е што се сменило. Ништо, јас сум сè уште истата личност“, додаде таа.

Ја преживеала експлозијата

Денес, Надин има 41 година и повремено се соочува со критики поради нејзиниот изглед. Иако нема сомнение дека таа сè уште е убавица, многу нејзини обожаватели сметаат дека претерала со ботоксот, но таа не негира дека го користи.


Како што објасни во една прилика, јасно е зошто повеќе не изгледа како порано: времето минува, сите старееме, а и нејзиното лице се променило затоа што се здебелила 10 килограми и преживеала експлозија во пристаништето во Бејрут во 2020 година, по што морала да се подложи на шестчасовна операција на лицето.


„Кога ќе се погледнам во огледало, гледам зрела убавина, зрела кожа, зрел ум, зрело тело. И тоа ми се допаѓа“ изјави Надин за арапското издание на списанието „Вог“. „Ова е мојата убавина, моето лице, моето тело и со нив можам да правам што сакам. Што и да направам, добро или лошо, луѓето нема да престанат да коментираат. Но, повеќе нема да се оправдувам. Тоа порано ме растажуваше, но веќе не“, нагласи либанската убавица.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk