[ВИДЕО] Американскиот тиктокер ја помина првата ноќ во куќата што ја купи за 5.000 евра: „Ќе биде подобро“

Точка

26/06/2025

21:16

2.464

Големина на фонт

а а а

Американскиот тиктокер Џастус Рид неодамна купи куќа на Балканот за 5.000 евра. Истата се наоѓа длабоко во шума и нема струја ни вода.

Џастус претходно рече дека ќе ја реновира куќата, а во најновите видеа објасни со какви проблеми се соочил и како започнало реновирањето. Тој исто така сподели со своите следбеници на Инстаграм како поминала неговата прва ноќ во куќата.


„Имаше неколку проблеми. Кога конечно ја најдовме куќата, морав да направам патека. Некои од соседите што го видоа моето претходно видео ми понудија помош, Дојдоа со трактор и ја исчистија патеката длабоко во шумата. Многу сум им благодарен, немаше шанси сам да го направам тоа. Сега патеката е чиста и безбедна. Потоа морав да се справам со внатрешноста. Имаше многу пајаци, мирисаше … Го фрлив стариот мебел, не сакав да ризикувам. Дезинфицирав сè и внесов нов кревет“, рече тој.

Како поминала првата ноќ?

„Иако немав вода ни струја, решив да се вселам. Потоа требаше да ја поминам првата ноќ во куќата. Првата ноќ помина добро, но ми се чинеше дека некој или нешто беше надвор. Не можев да сфатам од каде доаѓа звукот. Како и да е, се разбудив за работа следниот и ме болеше грбот“, раскажа Американецот. Потоа ги сменил бравите, ја поврзал струјата и поставил мрежи против комарци. Исто така, го уредил и подрумот.


„Се надевам дека втората ноќ ќе биде подобра. Следете ме“, заклучи тој.

Потсетуваме, Џастус не откри во која земја на Балканот ја купил куќата, но неговите следбеници претпоставуваат дека станува збор за Босна и Херцеговина.

Од САД до Балканот

Џастус Рид е американски инфлуенсер и музичар кој стекна огромна популарност на социјалните мрежи благодарение на љубовта кон Балканот, неговите јазици, музика и култура. Роден е на 18 јули 2000 година во Јужна Дакота, САД, но неговиот животен пат го однел во Европа.


Во 2023 година, тој настапил на хрватскиот Суперталент, каде што воодушевил со неговите изведби на хрватски песни, учествувал и на „TEDx“ настанот во Копривница, каде што зборувал за моќта на виралната содржина и културното поврзување преку социјалните мрежи, а претходно годинава ја посетил и Македонија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk