Лесли Максвел (64) изгледа подобро од кога било, крева поголема тежина од повеќето мажи, а на жените им порачува дека никогаш не е предоцна повторно да ја пронајдат својата сила и сексапил.
Таа е баба, фитнес шампионка и инфлуенсерка од Мелбурн која ги крши сите предрасуди за стареењето.
Лесли раскажа дека вежба пет пати неделно и дека ја освоила својата прва фитнес титула на 49-годишна возраст.
По потекло е од Мелбурн и има повеќе од 145.000 следбеници на Инстаграм. Инаку Лесли освоила повеќе од 30 фитнес наслови, а се залага за исхрана богата со хранливи материи – без рафинирана и преработена храна.
Вежба и со тегови бидејќи, како што рече, тие навистина најдобро ги обликуваат задникот и рацете.
Како онлајн тренерка, таа исто така ја нагласува важноста на истегнувањето, кое настојува да го вклучи во секој тренинг.
Инаку Лесли нагласи дека излегува само со мажи родени по 1957 година – односно најчесто со оние помлади од неа.