[ФОТО] Српски тренер му го спасил животот на маж во Мексико: Како херој ја напуштил државата откако добил отказ

Точка

08/03/2025

17:41

1.750

Големина на фонт

а а а

Српскиот тренер Вељко Пауновиќ неодамна доби отказ од мексиканскиот клуб Тигрес, но сепак тој го напушта Мексико како херој бидејќи токму пред заминувањето од земјата му го спасил животот на еден човек.

Пауновиќ доби отказ по победата против Некакса во мексиканскиот шампионат, бидејќи ниту тоа не ги убеди челниците на клубот да го задржат на клупата по претходните два последователни порази.


Стратегот од Србија вчера се упатил кон аеродромот за да се врати во татковината, но во близина на аеродромот бил сведок на сообраќајна несреќа. Имено автомобилот удрил во пешак и возачот побегнал од местото на настанот, а Пауновиќ без размислување излегол од своето возило и на повредениот му пружил прва помош.

Со својата брза реакција, тој му го спасил животот на мажот за кој подоцна се покажало дека е навивач на Тигрес, а кој неколку дена претходно го исвиркал Пауновиќ од трибините, пренесоа медиумите од Мексико.

Пауновиќ минатото лето го презеде Тигрес, а претходно раководел со Гвадалахара.

Исто така во текот на кариерата Пауновиќ раководел со англискиот Рединг и Чикаго Фајр во МЛС лигата, а беше светски првак со младинската репрезентација на Србија.