Новак Ѓоковиќ не ја оправда улогата на фаворит и доживеа неочекува пораз од Ботик Ван Де Заншлуп на АТП Мастерсот во Индијан Велс.
Србинот одигра лошо против 85. тенисер на светот, издание кое противникот знаеше да го искористи и по два часа игра да слави триумф од 2-1 во сетови со 6:2, 3:6 и 6:1.

-Работите дефинитивно се сменија во изминатите неколку години. Се мачам да играм на посакуваното ниво. Успевам да одиграм неколку добри турнири, но сето тоа е голема борба за мене. Ништо не може да те подготви за вакви моменти и треба да ги живееш и да се трудиш да излезеш од нив посилен, -вели Новак и додава:
-Секогаш нешто се случува, но не сакам да зборувам за тоа. Нема оправдување за лошиот настап. Изгледа ова беше само лош ден на работа за мене. Имав неколку шанси во првите три, четири гема во третиот сет, но направив многу грешки. Сега ми е јасно што можев да направам подобро. Тој одигра одлични поени на брејк топки, но јас се ставив и на позиции на кои не требаше да бидам, -заклучи Ѓоковиќ за кого ова беше трет пораз во низа што му се случува за првпат по 2018 година.
Само за потсетување тој претходно го предаде дуелот со Зверев на Австралија Опен, а во Доха беше надигран од Матео Беретини.