Анчелоти за „падот“ на Мбапе: Тоа е нешто генетски…

Дерби

09/03/2025

12:44

1.018

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид денеска го пречекува градскиот ривал Рајо Валјекано во која има една и единствена цел, да се освојат трите бода на „Бернабеу“.

„Кралевите“ во изминатиов период не играат најдобро во домашниот шампионат, а тоа го искористи Барселона која со одлична серија на резултати го презема врвот на табелата.

Дел од играчите имаат проблем со формата, поточно не се конзистентни и пример за тоа е Килијан Мбапе кој откако врза четири средби со погодок и експлозијата дојде до хет-трикот против Манчестер Сити, потоа застана и веќе на три средби во сите конкуренции нема ниту еден гол.

-Толку лош? Не. Она што го видовме е дека тој не го направи против Атлетико она што го направи против Сити. Против Сити постигна три, а против Атлетико не. Генерално, му оди многу добро. Ние сме многу среќни со него.

-Не може секогаш да биде најдобрар. Против Атлетико не беше, но во ваква напорна сезона, тоа е нормално, пред се кај квалитетните играчи. Квалитетните играчи имаат повеќе подеми и падови. Тоа е нешто генетски. За играчите со голем квалитет, потешко е да се биде константен. Но, добро му оди. Тоа што сме во осминафиналето на Лигата на шампионите, тој има голема заслуга за тоа, -истакна тренерот Карло Анчелоти.