Новак Ѓоковиќ е поразен во второто коло на Индијан Велс. Ботик ван де Зандшулп беше подобар од него во три сета 6:2, 3:6, 6:1.
Новак Ѓоковиќ за прв пат по 2018 година загуби во првиот меч на првиот Мастерс во сезоната. Но, она што загрижува е што втора година по ред губи во Индијан Велс од „лаки лузер“. Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма, претходно го загуби и првиот меч на турнирот во Доха од Матео Беретини. .
Ван де Зандшулп целосно ја заслужи победата. Во првиот сет тој ги казни сите грешки на противникот. Само во вториот сет најдобриот во историјата покажа дел од играта што го карактеризираше во поголемиот дел од неговата кариера и го доби сетот..
Интензитеот во играта на Ѓоковиќ падна во третиот сет, а Ботик полн со самодоверба „леташе“ по теренот. Тој едноставно беше непробоен во одбраната и на крајот одлично го одигра решавачкиот сет.