Инѕаги сe коригираше по пресвртот на Интер: Во игра сме за четири титули, а не три!

Дерби

09/03/2025

10:34

488

Големина на фонт

а а а

Интер направи голем пресврт против Монца и успеа да слави со 3:2 на „Џузепе Меаца“, триумф со кој италијанскиот првак ја зголеми предноста на четири бода пред натпреварот меѓу Наполи и Фиорентина.

Симоне Инѕаги мораше да бара исчекор од своите ѕвезди во вториот дел откако изгледаа доста неубедливо во првото, но тренерот на Интер уште еднаш доби вистински одговор и остана импресиониран од фудбалерите.

Инѕаги пред двомечот со Феенорд во Лигата на шампионите порача дека Интер е во потера кон тројна круна, а бидејќи неговиот тим е во игра во сите натпреварувања, сега реши самиот да се коригира.

– Сакам да се коригирам и да нагласам дека сме во игра за четири титули. Покрај Серија А, Копа Италија и Лигата на шампиони, во игра сме и за Светското клупско првенство кое ќе се игра на крајот од сезоната.

– Единствена наша идеја е да ги радуваме нашите навивачи со максимално залагање на секој меч. Не е лесно да се прави тоа со ваков згуснат распоред, но овие момци имаат фантастичен дух и играат од меч за меч. За само неколку дена повторно ќе излеземе на терен против Феенорд, – се надоврза Инѕаги.