Екипата на Бостон Селтикс издвојува победа над Лос Анџелес Лејкерс од 111:101 во дерби натпреварот во НБА лигата.
Ова беше дуел на двете најуспешни екипи во НБА лигата, пресметка на шампионот и тимот кој во „Ти-Ди Гарден“ пристигна со осум победи во низа и желба таа серија да ја продолжи, ама „келтите“ покажаа зошто се бранители на трофејот и го одбранија својот дом.
На крајот како пресудна се покажа третата четвртина во која гостите од Калифорнија постигнаа само 13 поени (29:13) што е навистина премалку, прескромно за било кој меч на ова ниво.
Блескаше Тејтум кој беше многу блиску до трипл-дабл со 40 поени, 12 скока и 8 асистенции, одлична поддршка му беше Браун со 31 поен и 6 асистенции.
Дончиќ со 34 поени и 8 скока беше број еден кај Лејкерс каде Џејмс уфрли 22 кошеви со 14 скока и 9 асистенции, ама заработи и повреда во последниот период по што не се врати во игра што може да биде голем проблем за „езерџиите“.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Бруклин 105:102
Хјустон – Њу Орлеанс 146:117
Атланта – Индијана 120:118
Торонто – Вашингтон 117:118
Мајами – Чикаго 109:114
Милвоки – Орландо 109:111
Бостон – ЛА Лејкерс 111:101
Голден Стејт – Детроит 115:110