Македонската ракометна репрезентација од денеска тргнува во мисијата Словенија, односно двете соочувања со оваа селекција во рамките на квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2026 година.
Нашиот национален тим е домаќин на првиот натпревар закажан за в среда од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а целта е да се дојде до позитивен резултат.
-Словенија е многу квалитетен противник, сите знаеме со какви играчи располага и колку ни значи овој натпревар. Играме на домашен терен, очекувам салата да биде исполнета до последно место што за нас ќе биде плус мотивација. Тоа го покажавме на претходните квалификациски натпревари како против Фарски Острови.
-Ова е млада, борбена екипа, тоа го покажавме и на СП. Јас имам чувство како да сме на првенство, имам мотивација, знаеме како одигравме, колку се боревме и колку во иднина треба да покажеме. Верувам во нас, посакуваме победа над Словенија во среда.
-По СП пораснавме како играчи и како тим, со поголема самодоверба ќе го пречекаме противникот. Долго време сме заедно, добро се познаваме. Настапот на првенството многу ќе ни значи, имаме играчи кои играат главна улога во своите клубови и тоа беше наш адут што бевме конкурентни на мундијалот. Имаме три-четири дена да ја анализираме Словенија, ќе работиме до детали, знаеме дека се квалитетни, секогаш се на големи натпреварувања и одат на медал, -истакна капитенот Филип Кузмановски.
Избраниците на Лазаров по првите две гола во групата забележаа победа и пораз, бевме подобра од Естонија, загубивме пак од Литванија.