[ВИДЕО] Страшен пад на Јусуф Нуркиќ! Целата сала занеме, а потоа сите останаа во чудо

Точка

08/03/2025

18:01

3.106

Големина на фонт

а а а

Јусуф Нуркиќ ноќта меѓу петок и сабота ја одигра својата најдобра партија во дресот на Шарлот Хорнетс, но неговата брилијантна вечер можеше да заврши на најлош можен начин.

Во втората четвртина од натпреварот се случи сцена што ја шокираше салата, но и фановите пред малите екрани.

Сè изгледаше како класичен НБА напад – Нуркиќ ја украде топката на центарот на теренот и се стрча кон кошот. Публиката очекуваше моќно забивање, што и се случи, но момент подоцна – тишина во салата!

Босанскиот џин при доскокот ја изгуби рамнотежата и страшно падна на грб!

Публиката во шок гледаше како лежи на паркетот, додека соиграчите и судиите му приоѓаа за да проверат дали е во ред. Во прв момент сцената изгледаше застрашувачки, но потоа – неверојатен момент!

Нуркиќ едноставно стана и продолжи како ништо да не се случило!

Друштвените мрежи веднаш експлодираа со реакции од шокирани фанови.

„Не можам да верувам дека Нуркиќ само се подигна по ова!“

„Повеќето би останале да лежат, но не и Јусуф! Вистински борец!“

„Ова е показател каков менталитет има, човекот не знае за болка!“

Несреќниот пад не го растрои Нуркиќ, кој одигра маестрален натпревар и забележа „дабл-дабл“ учинок – 12 поени, 15 скокови и пет асистенции.