Италијанскиот прволигаш Милан во наредниот период ќе назначи спортски директор, важна функција во клубот за која во игра се четири имиња.
Извршниот директор на „росонерите“, Џорџо Фурлани ќе го има главниот збор за ова прашање, односно тој ќе ја донесе одлуката по состаноците кои ќе ги има со кандидатите во наредните две недели.
Во игра се Фабио Паратичи, Игли Таре, двајца оперативци на кои италијанскиот фудбал им е многу познат, а тука се и Тијаго Скуро (Монако) и Маркус Кроше (Ајнтрахт Франкфурт).
За калчолигашот повеќе не е опција Андреа Берта кој се очекува да заврши во Аренал.