[ФОТО/ВИДЕО] Во ова гратче никој не знае за болести: Сите имаат добар холестерол, варењето им работи „како часовник“, а еве во што се состои нивната тајна

Точка

16/07/2024

19:13

6.812

Големина на фонт

а а а

Во италијанската област Бреша, се наоѓа рибарското село Лимоне сул Гарда, каде живеат луѓе со низок добар холестерол, што ги прави долговечни.

Јадат сè, но не се дебелеат и не заболуваат од васкуларни болести.

Најздравите луѓе на светот живеат во рибарското село во пондожјето на Алпа Лимоне сул Гарда! Ова место на брегот на езерото Гарда има едвај нешто повеќе од 1.000 жители, но веќе 40 години е во центарот на вниманието на докторите и научниците бидејќи тука живеат најдолговечните луѓе на светот.



Тие имаат одлично варење, кое ги штити од проблеми со срцето и дебелина, а научниците делумно објасниле и зошто. Многу локални жители имаат низок (HDL) холестерол. Со оглед на тоа дека тоа е добар холестерол, тоа што е низок може да предизвика здравствени проблеми, но не и за жителите на ова село, објаснува Чезаре Сиртори, професор по клиничка фармакологија на Униерзитетот во Милано.

„Нискиот добар холестерол е лош за човекот и доведува до проблеми со срцето и мозочни удари. Но, тоа има позитивен ефект врз локалното население. Дури 99% од протеинските генетски мутации предизвикуваат болести, но оваа го утврдила отсуството на васкуларни заболувања кај носителите. Нивниот ген содржи посебен протеин кој ги уништува мастите и ја разредува крвта“, вели Сиртори.


Непознато е како дошло до тоа. Интересно е што ова село е најсеверното место во светот каде лимонот се одгледува природно и има исклучително блага клима. Жител на селото, Антонио Џирарди со тоа поврзува специфични гени.


„Климата може да биде топла во текот на целата година и можеби тоа е причината. Никогаш немаме снег или мраз, поради што со векови растат лимони во овој северен дел. Или можеби тоа е благодарение на извонредното екстра девствено маслиново масло и свежата риба што ги јадеме“, објаснил Џирарди.

Интересно е што жителите на околните села го немаат овој ген. Од 1.000 жители во Лимоне, половината се тука и родени, а 60 го имаат генот, додека десетина се постари од 100 години. Еден од носителите на генот е Џани Сегала и целото негово семејство.


„Мојата мајка има 96 години и е сосема здрава и психички и физички. Од осумдесеттите својата крв ја даваме на тестови. Еднаш ми дадоа толку слатка и мрсна храна и ми се слоши, а мојата крв веднаш ми ги уништи мастите“, објаснил Сегала.

Неговиот син Џулијано вели дека никогаш во животот немал болки во стомакот.


„Стомакот никогаш не ме боли и јадам што сакам. Сакам похована и пржена храна, салама, а сакам и да пијам понекогаш. Спијам како бебе“, заклучил помладиот Сегала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг